ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина претставува еден од долгорочните корпоративни принципи на Алкалоид. Системот за менаџирање со животната средина е дел од интегрираниот систем за менаџирање на квалитетот и добрата производствена практика.
Дополнувањата на легислативата за животна средина уште повеќе ја продлабочи соработката меѓу Алкалоид АД и Министерството за просторно планирање на Република Маакедонија.
Еден од годишните состаноци на Државниот инспекторат за животна средина беше одржан во просториите на Компанијата, по што беше посетен Институтот за развој и контрола на квалитетот.
Во соработка со Директоратот за животна средина, ја отпочнавме процедурата за добивање План за приспособување за IPPC лиценцата.
Планот да се замени користењето на нафтата со природен гас е реализиран на производниот капацитет во Автокоманда.
Алкалоид покажува грижа за животната средина со континуирано следење на состојбите и намалување на потрошувачката на вода.
 |
|
 |
| Слика 1: Потрошувачка на вода |
|
Слика 2: Потрошувачка на вода за тон производ
|
Потрошувачката на гориво, претставена како еквивалент на потрошувачката на сурова нафта, е прикажана на Слика 3, а потрошувачката на вода за тон производ е прикажана на Слика 4.
 |
|
 |
| Слика 3 |
|
Слика 4
|