За инвеститорите
Во тек на изминатите две децении Алкалоид инвестираше околу 60 милиони евра во своите производни погони, во контролата на квалитетот, за лаборатории и складишта, а сето тоа во согласност со строгите норми на cGMP (Добра производна практика). Проектите поддржани од Светската Банка и ЕБРД беа успешно завршени но Алкалоид не сопре со инвестицискиот циклус. Впрочем, такво нешто е недозволиво во фармацевтската индустрија од причина што тоа би значело губење на конкурентноста. Во сегментот Фармација, Алкалоид обезбеди изградба на Институт за Развој и контрола на квалитетот, чија улога е да биде центар за научни истражувања кој треба да обезбеди квалитативен развој и зајакната контрола на квалитетот на фармацевтските производи.
Една од тековните капитални инвестиции на Алкалоид, која е елемент од долгорочната стратегија за модернизација и компјутеризација на операциите во Компанијата е имплементацијата на САП (SAP) системот.