За Алкалоид
АЛКАЛОИД AД Скопје е компанија која повеќе од седум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини, производство на козметички и хемиски производи.
Алкалоид АД е акционерско друштво во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, Козметика & Билкарство; има фирмa ќерка: Алкалоид КОНС како и 13 подружници надвор од Македонија (во Србија, Црна Гора, на Косово, во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Романија, Украина, во Руската Федерација и САД).
Друштвото брои околу 1250 вработени со доминантен капитал во сопственост на приватни акционери, од кои 5,05% се странски инвеститори.