Управен одбор
Живко Мукаетов
Претседател на УО и Генерален директор на Алкалоид АД Скопје. По струка е дипломиран машински инжењер; студиите ги продолжува во Лондон каде добива магистерска диплома по маркетинг на Chartered Institute of Marketing. Роден на 3 мај 1974 година во Скопје, Р. Македонија. Има 14 години професионално искуство. Одговорен е за севкупното работење Групацијата.
Цветанка Симоновска
Член на УО и директор на ОЕ Финансии, дипломиран економист. Родена на 27 ноември 1953 во Гевгелија, Р. Македонија. Има 28 години професионално искуство, одговорна е за финансиските операции на Компанијата.
Милкица Глигорова
Член на УО и директор на производниот сегмент на ПЦ Фармација, дипломиран фармацевт, специјалист за фармацевтска технологија. Родена на 10 април 1959 во Скопје, Р. Македонија. Има 24 години професионално искуство, одговорна е за севкупните производствени операции на ПЦ Фармација.
Ѓорѓи Јованов
Член на УО и директор на Финансии, дипломиран економист. Роден на 20 август 1964 во Штип, Р. Македонија. Има 19 години работно искуство. Во Управниот одбор одговара за севкупните операции на ОЕ Финансии во делот Акционерството.
Кире Ицев
Член на УО и директор на Службата за Општи работи, дипломиран машински инжењер. Роден на 19 јуни 1974 во Кавадарци, Р. Македонија. Има 7 години професионално искуство. Во Управниот одбор одговара за севкупните операции на службите за општи работи.