Течни минерални ѓубрива

Производната палета на течни минерални ѓубрива Agrosal е составена од примарни макрохранливи елементи (азот, фосфор, калиум), секундарни макрохранливи елементи (калциум, магнезиум, сулфур), микрохранливи елементи (железо, цинк, манган, бакар, кобалт во хелатна форма и бор) и од нивни комбинации. Течните минерални ѓубрива Agrosal се користат за балансирана исхрана кај сите градинарски, полјоделски, овошни култури и кај виновата лоза, преку систем за микронаводнување капка по капка, микродождење и преку фолијарна апликација. Во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, а врз база на извршените анализи на почвата, се изготвуваат соодветни програми за употреба на течните минерални ѓубрива Agrosal. Сите течни минерални ѓубрива Agrosal се регистрирани во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ. Притоа и понатаму постои можност за брз развој на нови производи од истата производна палета.

Асортиманот, освен наведениот, е флексибилен и релативно бргу може да се развиваат нови производи.