Стипендии
Инвестирањето во кадар и во знаење, заедно со општествената одговорност, отсекогаш играле клучна улога во развојната политика на Алкалоид АД. Ова е причината зошто ние инвестираме во потенцијални таленти за време на нивните студии, како начин на можно влегување во нашата компанија по нивното завршување.
Покрај одделните договори за соработка кои Компанијата ги има склучено со Фармацевтскиот факултет, Ветеринарниот факултет и со Земјоделскиот факултет, во 2008 Алкалоид потпиша и Општ договор за соработка со Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со цел практична размена на знаење и искуства. Убедени сме дека традицијата и искуството, заедно со практичното знаење и со младоста, ќе резултираат во постигнување заеднички цели на академската и на бизнис - заедницата.
За таа цел, Фондацијата “Трајче Мукаетов” која спонзорира проекти од областа на фармацијата, медицината и науката, стипендира над 100 талентирани студенти на медицина и фармација.