Совети за аплицирање
Ние сакаме да ви помогнеме и да ве подготвиме. Информирајте се што бараме во нашите потенцијални вработени преку прегледување на страницата за подготовка при аплицирање.
Успешното аплицирање започнува со целосно разбирање на вашите професионални цели во комбинација со познавање на нашата компанија и индустријата во која работиме.
Во случај да бидете повикани на интервју
Пред интервјуто подгответе се и бидете свесни за вашата вредност:
- Потсетете се на вашето минато и работно искуство или поточно, знајте го вашето CV во целост за да можете да го дискутирате детално.
- Размислете што е тоа што ве мотивира да аплицирате на работна позиција во нашата компанија. Помислете на вашите лични аспирации, финансиски аспекти или типот на организациска култура и работа којашто ве привлекува.
- Бидете свесни за вашите професионални цели за иднината, затоа што ние преземаме обврска што трае повеќе од еден ден.
- Земете со себе неколку копии од вашето CV.
- Облечете се соодветно.
- Пристигнете на време.
За време на интервјуто:
- Разменувајте информации искрено и обидете се да дознаете дали постои заеднички интерес или пак вистински спој
- Распрашајте се за дневните работни одговорности.
- Дознајте за корпоративната структура, рапортирањето, стиловите на менаџментот, итн.
- Разберете какви можности за унапредување постојат
- Бидете сигурни дека ги имате контакт - информациите на лицето кое ве интервјуира