Профил на компанијата Истражување и развој За инвеститорите Кариера Медиа центар

Фармација

Козметика

Билкарство

Хемија

Што нудиме

Без оглед на вашата работна позиција, ние во Алкалоид веруваме во вас и во вашата способност да учите и да се развивате. Ние бараме поединци кои копнеат да направат разлика и да ги допрат животите на другите, со свесен напор да се подобри здравјето за генерациите пред нас.

Ние ви даваме независност да ги изразувате своите способности и компетенции, но сепак ве предизвикуваме да бидете иновативни, прагматични и одговорни за вашите задачи со цел да демонстрирате врвни резултати. Ова може да се оствари само преку посветеност, тимска работа, искрена комуникација и позитивно работно опкружување. Ние ќе ви помогнеме преку укажување на вашите одговорности и, секако, со признание за вашиот труд.

Ние исто така нудиме можност да се сретнете со колегите од нашите подружници во странство, преку нашиот традиционален годишен собир “Алкалоидови денови”. Во оваа прилика не само што ги поставуваме нашите компаниски цели и ги разгледуваме нашите бизнис - планови за наредната година, туку исто така разменуваме искуства и ги практицираме нашите единствени корпоративни вредности, низ интересни тимски активности.

Вие ќе бидете дел од нашиот разновиден тим на професионалци чија цел е постигнување на нашата визија и поддршка на нашата мисија. Вие ќе бидете дел од компанија со долга традиција и историја на успеси, раст и развој реализиран преку иновации и професионализам. Вие ќе бидете дел од нашата успешна приказна.

 


Придобивки

Нашите вработени се нашите најважни ресурси и затоа, за возврат, ние сакаме да понудиме сигурност и придобивки што истовремено ќе го стимулираат нивниот личен и професионален успех.

 

>> повеќе

 

 

Професионален развој

Ние сме посветени на развој, наградување и задржување на нашите таленти, и за таа цел обезбедуваме структурирани процеси, процедури, ресурси и работно опкружување кои ќе го извлечат најдоброто од вас. Вработувањето е само почеток на вашето патување.

 

>> повеќе