Производствени капацитети

Почнувајќи од 1998 година, Алкалоид АД Скопје мина низ инвестициски циклус вреден приближно 60 милиони евра, средства кои во главно беа искористени во сегментот Фармација

Во 2002 година, Компанијата ја заврши изградбата на новите фабрики за цврсти дозни форми (со капацитет од 2 билиони дозни единици годишно) и фабриката за полу-синтетски цефалоспорини (со капацитет од 200 милиони капсули и 3,5 милиони шишиња сув прашок за орална суспензија).

Сите капацитети се комплетно опремени во согласност со европските ДПП стандарди (класа ИСО 8, класа Д, 100000) сертификувани од швајцарската консултантска куќа тк3, членка на Тајсен Круп Групацијата и се смета дека се совршенство на техниката.

Производниот капацитет на годишно ниво организиран во две смени е како следи:

  • 4,6 милиони ампули од 1 мл, или 23,6 мил. ампули од 2 мл или 14,2 мил. ампули од 5 мл или 2 мил. ампули од 10 мл;
  • 4 милиони шишенца капки за очи;
  • 6 милиони супозитории;
  • 12,6 милиони туби маст, кремови, гелови;
  • 800,000 шишенца раствори за надворешна употреба.

Севкупната производна програма на фармацевтски производи на Алкалоид-Фармација се состои од следниве фармацевтски форми:

  • Орални цврсти дозни форми: Таблети - конвенционално и модифицирано ослободување, филм-таблети, обложени таблети, подјазични таблети, капсули, сув прашок за орална суспензија.
  • Течни дозни форми за орална употреба: Раствори за орална употреба, сирупи, суспензии.
  • Топикални препарати: Кремови, масти, раствори, гелови, спрејови, вагиналети, супозитории.
  • Стерилни дозни форми: Парентерални мало-волуменски, капки за очи, масти за очи.

Покрај капацитетите за производство на готови фармацевтски производи Алкалоид-Фармација има погон за екстракција на опиоиди, кој вклучува производство на морфин и негови деривати како фармацевтски суровини.

Проектните трошоци за изградба и пуштање во употреба на новите капацитети за производство на цврсти дозни форми и полу-синтетски цефалоспорини, кои беа дел од проектот на Алкалоид АД Скопје - „Влез на светскиот пазар" изнасуваа 35,000,000 Евра.

Конвертибилниот заем кој компанијата го зема од Меѓународните финасиски институции (Европската банка за обнова и развој и Меѓународната финансиска корпорација) изнесуваше 17,400,000 Евра и е комплетно исплатен на почетокот на 2004 година.

Оддел за пакување на лекови, линија за ампули и линија за раствори за орална употреба

Водејќи сметка за квалитетно одвивање на процесот на производство, Алкалоид изгради и опреми оддел за пакување на лекови согласно нормите за Добра производна пракса. Одделот е екипиран со две нови линии: Линија за пакување на цврсти форми (таблети, дражеи и капсули) која во моментов се користи за пакување на 50тина производи од програмата на Фармација со максимален капацитет од 200 поединечни кутии во минута. Линијата за пакување на ампули е наменета за пакување на сите ампулни форми од програмата на Фармација и има максимален капацитет од 30 000 ампули во минута. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува приближно 4,5 милиони евра.

Со цел да се подигне степенот на автоматизација на производството, Алкалоид инсталираше нова линија за дозирање, затварање, етикетирање и пакување на раствори за орална употреба вредна 600 000 евра.

Интермедиери

Строгите норми за добра производна пракса налагаат почитување на прописи кои се од исклучителна важност за непреченото и високо-софистицирано одвивање на процесот на производство на лекови.

Во рамките на инвестициониот проект за нов погон за пакување на лекови, Алкалоид предвиде и адаптираше нов простор за чување на полу-производи (интермедиери) согласно највисоките стандарди за работење во фармацевтските компании. Со оваа дополнителна инвестиција, вредна околу 600 000 евра, во голема мера е добиена предност во брзината и ефикасноста на одвивањето на производствениот проецес, со тоа што постоечката залиха на полу-производи се подготвува за различни пазари според различните побарувачки и потреби.

Обезбедување на квалитет и контрола на лекови

Примарната грижа и акцентот на целокупното работење на Алкалоид-Фармација е насочено кон обезбедување на високо квалитетен производ кој потполно ќе ги задоволи потребите на пациентите. За таа цел, Компанијата лоцираше значајни инвестициони фондови во сегментите за контрола и обезбедување на квалитетот на лековите.

Тука би ја споменале инвестицијата во микробиолошката лабораторија, која енормно го подобри процесот на фармацевтската контрола на лекови за која Алкалоид вложи околу 1,2 милиони евра. Беа инвестирани дополнително приближно 500 000 евра за нова хемиска лабораторија за контрола на меѓу-производи и готови фармацевтски производи согласно важечките ДПП стандарди. Истата опфаќа месечен магацин за хемикалии изведен според ПП проект со специјални безбедносни кабинети за запалливи материи, простор за испитување на стабилност, централна вагална, физичко-хемиска лабораторија, инструментална лабораторија за хроматографски техники, посебна за спектрофотометрија, тестирање на растворливост, како и простории за обработка на документацијата комплетно опремени со високо софистицирани инструменти и опрема од реномирани светски производители.