Професионален развој
Ние сме посветени на развој, наградување и задржување на нашите таленти, и за таа цел обезбедуваме структурирани процеси, процедури, ресурси и работно опкружување кои ќе го извлечат најдоброто од вас. Вработувањето е само почеток на вашето патување.
Вашиот развој е и наш развој. Ние се стремиме да го глобализираме нашиот бренд и затоа бараме професионалци кои сакаат да ги развијат своите таленти и да се соочат со нови предизвици; професионалци кои ќе ни помогнат заедно да се пробиеме напред.
Затоа ние се грижиме за:
- соодветно позиционирање на работни места
- повратна информација (feedback) и независност
- обука и едукација
- внатрешни унапредувања
Соодветното позиционирање на работните места претставува основа на вашиот иден развој. Нашата политика за вработување има за цел да ги позиционира вработените на оние работни места на кои нивните способности, знаење и компетенции ќе дојдат најмногу до израз. Соодветното спојување гарантира дека вработените ќе може да го направат следниот чекор на скалилото на развојот.
Вашиот влез во нашата компанија почнува со нашата доверба во вашите способности. Затоа ние ќе ви дадеме независност и ќе го предизвикаме вашиот потенцијал на задачи за кои вие ќе преземете одговорност и посветеност да го покажете најдоброто, но сепак ќе ве поддржуваме во процесот со повратни информации како насока за подобрување на вашите способности и развој.
Ние ја препознаваме важноста на учењето, како непрекинат процес во текот на животот и затоа обезбедуваме обуки и едукација за уште поголемо зголемување на вашите способности. Истите се достапни преку внатрешни или надворешни експерти во соодветните области во зависност од опсегот на компетенции кои треба да се подобрат.
Веруваме во нашите вработени и поради таа причина, секогаш кога е можно, се обидуваме да ги пополниме позициите со вработени од нашата компанија кои ги поседуваат потребните компетенции. Како резултат на тоа, вие можете да ја изградите вашата кариера преку оддели, функции или дури и региони и оттаму да акумулирате широк круг на искуства и знаење.