Профил на компанијата Истражување и развој За инвеститорите Кариера Медиа центар

Фармација

Козметика

Билкарство

Хемија

Придобивки


Конкурентна Основна Плата
Нашата политика за надоместоци се базира на неколку концепти: конкурентна, мотивирачка, навремена и транспарентна. Принципите кои се користат за одредување на понудената плата служат за да го признаат вашиот придонес и да го стимулираат вашето работење. Тие предвидуваат можност за зголемени награди во иднина, зависно од резултатите, напредок во кариерата и успех на бизнисот во целост.


Работа/Живот Баланс
Ние разбираме дека нашите вработени имаат активности и одговорности и надвор од работното место. Сакаме нашите вработени да работат на начин кој ја подржува Компанијата, но и нивните лични животи исто така. Ова е причината зошто одржуваме конзистентност во работните часови, но исто така очекуваме вработените да посветат време и напор кога одредени прилики го бараат истото за успехот на бизнисот.


Во дополнение
Ние го нудиме и следното:

  • тимска работа;
  • работна атмосфера која мотивира;
  • современо дизајнирано работно место со најсовремени лаборатории и производствени капацитети;
  • високи стандарди за здравствена заштита.