ПОЛИТИКА ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА АЛКАЛОИД АД
“Симбиоза за поздрав живот и иднина”
Ние постоиме и го работиме нашиот бизнис успешно повеќе од 7 децении. Секоја година, во секој сегмент сме целосно посветени да ги подобриме нашите операции, да се развиваме и да растеме на амбициозен и одржлив начин. Но ние никогаш не ги забораваме нашите луѓе, животната средина и општеството каде што припаѓаме.
Како продолжение на нашите основни вредности за грижата, интегритетот, иницијативата и супериорниот квалитет на нашите производи и како најголема фармацевтска компанија во регионот, се стремиме да останеме општествено одговорна и етична компанија. За да ги одржиме нашите вредности, ги фокусираме нашите напори во 4 клучни области:
• Нашите потрошувачи и клиенти
• Нашите вработени
• Нашите заедници
• Нашите акционери
Нашите потрошувачи и клиенти
Ние ги обезбедуваме нашите потрошувачи и клиенти со висококвалитетни производи, кои се клинички тестирани и ги исполнуваат најсовремените и најстрогите светски стандарди. Нудиме гаранција со нашата посветеност, нашиот углед, високите стандарди и сертификатите што ги поседуваме. Нашата организациска структура ни овозможува да ги слушнеме и да одговориме на најчувствителните потреби на нашите клиенти. Функционирањето со нашите клиенти се одвива во согласност со високите стандарди и развој, испреплетувајќи ги заедничките перформанси во одлична соработка. Секоја година имаме панел - средби и дискусии (brainstorming - сесии) со добавувачите, со цел да се подобри секој сегмент во нашите релации.
Нашите вработени
Ние охрабруваме и препознаваме континуирано подобрување, иновации во секој сегмент, прагматично размислување и дејствување, како и континуирана едукација. Инвестираме во нашите луѓе и во подобрување на нивните вештини. Со тоа, инвестираме во нивната иднина и иднината на нашата компанија. За таа цел, го реконструиравме и целосно го опремивме нашиот едукативен центар во Дојран, Р. Македонија.
Ние постојано ги подобруваме работните услови, придобивките за нашите вработени и системот за наградување. Но истовремено се фокусираме на подобрување на нашата ефикасност и нашиот систем во целост. Добитници сме на плакета од Македонската асоцијација за безбедност и здравје при работа, доделена на Компанијата како најбезбеден работодавач за 2009 година. Ние се грижиме да се одржиме како бренд и како работодавач, и на тој начин да сме претставени од нашите вработени во најдобро светло.
“Не постои повисок приоритет од високопрофесионален и етичен однос на нашите вработени, од која било земја да потекнуваат и на која било позиција да работат. Ние постоиме за исполнување на нашата мисија и визија, и секој вработен со своето однесување треба да ја манифестира својата цврста намера и подготвеност да придонесе за поуспешно остварување на истите.” истакна нашиот генерален директор / претседател на УО г. Живко Мукаетов во неговото обраќање до вработените во Алкалоид АД во „Кодот на етичко и бизнис - однесување” во Октомври 2009, и додаде: “Кодот на етичко и бизнис-однесување не претставува нешто што почнуваме да го практицираме при вработување во Алкалоид АД, или го практицираме кога за тоа ќе имаме доволно време. Кодот треба да претставува показател за тоа што правиме и како се однесуваме во секоја минута и во секој момент од денот”.
Нашата заедница
Почнувајќи од академската 2007/08 до моментов, Фондацијата “Трајче Мукаетов” учествува во спонзорирање на над 102 студента на фармација и на медицина на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”. По нивното дипломирање тие имаат шанса да ја градат својата кариера во Алкалоид АД.
Ние ги поддржуваме и придонесуваме за успешна работа на голем број македонски и странски комори, асоцијации и организации. Алкалоид АД е докажан поддржувач и на македонскиот спорт и на македонските репрезентации во ракомет, одбојка и кошарка. Шаховскиот тим на Алкалоид АД гордо го претставува македонското знаме. Дополнително, активно ја поддржуваме културата преку овозможување на врвни услови за творење на нашите врвни уметници.
Некои од инволвираните страни со кои имаме соработувано во изминативе години:
AmCham
Фармацевтска комора
Стопанска комора на Македонија
Комора за економија
Министерство за животна средина и просторно планирање на Р. Македонија
Министерство за здравство на Р. Македонија
Фонд за здравство на Р. Македонија
Светска банка
Европска банка за реконструкција и развој (EBRD)
Светска здравствена организација (WHO)
Меѓународна финансиска корпорација (IFC)
USAID
UNICEF
Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје:
- Фармацевтски факултет
- Природно - математички факултет - Институт за хемија
- Медицински факултет
- Факултет за електротехника и информациски технологии
- Машински факултет
Универзитет ФОН - Скопје
Европски универзитет - Скопје
Универзитет за економија - Љубљана
Македонска шаховска федерација
Македонска одбојкарска федерација
Македонска кошаркарска федерација
Македонска ракометна федерација
Нашите акционери
Нашиот бизнис - пристап е да се работи на транспарентен и етичен начин. Ние комуницираме со нашите акционери и со јавноста и ги информираме точно, прецизно и навремено за секое важно прашање. Се грижиме за зголемување на вредноста на нашите акционери преку амбициозен, реален и оправдан развој, со намалување на ризикот, подобрување на уделот на пазарот, внатрешната ефикасност и процесот на бизнис - планирање.
Во изминатите две децении имаме инвестирано речиси 60 милиони евра во производствени капацитети, Центарот за истражување и развој, контрола на квалитет, магацини, софтверски и ERP - решенија, а сето тоа во согласност со cGMP - стандардите.
Во 2009 година бевме наградени од Македонската берза како најтранспарентна компанија. Нашите приближно 6000 акционери, од кои околу 11% се странски инвеститори, ги добиваат своите дивиденди секоја година, со приближен двоцифрен пораст од година во година. Како корпорација, ние сме посветени на континуиран развој, стремејќи се да ја исполниме нашата мисија и визија на најпрофесионален начин.
Нашиот генерален директор / претседател на УО г. Живко Мукаетов би изјавил:
“И покрај тешкотиите, мора да го продолжиме трендот на раст на Алкалоид АД и да продолжиме да бидеме добрата вест од Македонија”.