Профил на компанијата Истражување и развој За инвеститорите Кариера Медиа центар

Фармација

Козметика

Билкарство

Хемија

 

Обраќање на генералниот директор/претседател на управниот одбор

Годината 2010 ја одбележа бавното повлекување на економскта криза од регионот. За разлика од изминатите две години, кои беа одбележани со последиците од светската економска криза, вратениот интерес на инвеститорите за регионот претставуваше срамежлив исчекор во позитивна насока.

Функционирањето на деловните субјекти во овие специфични околности бара многу претпазливост, детална анализа на сите услови и активности, како и консолидирање на сите достапни ресурси со цел да се изнајде идеалниот баланс меѓу стапката на пораст и проблемите со ликвидноста.

РЕЗУЛТАТИ

Како човек кој е на чело на најголемата фармацевтска индустрија  во Македонија, која е рангирана како број 6 во регионот на југоисточна Европа, би можел да кажам дека сум задоволен со резултатите од деловното работење на Алкалоид Групацијата.

Вкупната консолидирани продажби што ги остваривме изнесуваат 96.5 евра, што претставува зголемување од речиси 8,5%. Стапката на пораст на индивидуалните продажби беше 10%; домашните продажби забележаа пораст за 11%, а извозните продажби достигнаа над 56 милиони евра, што претставува пораст од околу 6,5%. Порастот на неконсолидираниот нето профит од 503.267 милиони денари во 2009 до 581.587 милиони денари во 2010 претставува пораст од 16%. Порастот на консолидираниот нето профит беше 3%, од 558.485 милиони денари во 2009 574.339 милиони денари во 2010. Четирите главни програми на компанијата исто така забележаа пораст во нивото на продажба соодветно, и тоа: фармација 8%; хемија 22%; козметика 8% и билкарство 2%.

Алкалоид Конс Дооел, нашата компанија-ќерка со акумулирано искуство од над три децении во недомицилно претставување и консигнација, покрај постоечките договори со реномираните мултинационални фирми како што се Pfizer, Novartis, Sanofi-Aventis … во 2010 склучи нови договори со F. Hoffman La Roche, Glaxo Smith Klein, B/Braun и Actavis, со што ја достигна бројката од 17 странски компании во своето портфолио.

Според информациите од Македонската берза, акциите на Алкалоид АД Скопје во 2010 повторно се вбројуваа помеѓу оние најтргуваните и најликвидните. Беа остварени 3.437 трансакции, а 72.709 акции беа истргувани, што претставува 5.08% од акцискиот капитал на Компанијата, со вкупна вредност од 4.950.497 евра. Според информациите од оваа институција, Алкалоид АД Скопје, како една од водечките компании на Македонската берза, во редовните берзански операции учествувал со над 18% во вкупниот забележан промет на првиот официјален пазар. Вредноста на акциите на Алкалоид се движеше од 3.299 денари до 5.100 денари со средна вредност од 4.157 денари.

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

Концептот за општествена одговорност е интегрален дел од бизнис стратегиите и деловното работење на Компанијата, што претставува своевидна традиција за Алкалоид која во 2010 беше признаена на национално ниво. Во рамките на проектот насловен „Општествената одговорност на претпријатијата во Република Македонија”,  спроведен од Министерството за економија во соработка со Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението „Конект", на Алкалоид му беше доделена националната награда за етичко управување за годината 2009 за проектот: „Код на  етичко и бизнис однесување". Со признанија беа верифицирани и проектот „Менаџмент со човечки ресурси 2009 - 2011” во категоријата Однос со вработените, како  и проектот „Политика за општествена одговорност на Алкалоид АД Скопје- Симбиоза за поздрав живот и иднина” во категоријата Вложување во заедницата.

Фондацијата “Трајче Мукаетов” додели 40 нови стипендии на студенти по фармација и медицина на соодветните факултети на Универзитетот Св.Кирил и Методиј. Почнувајќи од 2007 година, оваа Фондација има финансиски поддржано 144 студенти. Од дипломираните стипендисти единаесетмина веќе ја започнаа својата кариера во Алкалоид. Преку оваа Фондација, што претставува своевиден инкубатор за развој на идни квалитетни кадри, Алкалоид уште еднаш ја потврди својата решеност да изгради бренд како работодавач и да претставува успешен пример за корпоративно управување на една општествено одговорна компанија.

ИНВЕСТИЦИИ
Од сите наши инвестициски потфати во 2010, би сакал да го нагласам завршувањето на работата на нашиот Центар за информациски технологии наречен “Трајче Мукаетов” што сега е целосно функционален и е моментално еден од најбезбедните и најсофистицираните центри од овој вид во регионот. Што се однесува на сегментот Информациски технологии, Компанијата заврши со имплементацијата на проектот BC/DR (Business Continuity/Disaster Recovery) за заштита на податоците, архивирање и реставрирање со цел за непречено функционирање на бизнис процесите во случај на катастрофа, оштетување, уништување на дел или комплетната информатичка и телекомуникациска опрема од примарната локација.

Во јануари 2011 Алкалоид КОНС ДООЕЛ Скопје, друштво ќерка на Алкалоид АД Скопје, започна да работи во SAP, светски лидер во ERP (Enterprise Resource Planning) системите. Со ова Алкалоид засега е единствена македонска компанија која извршила RollOut на SAP ERP.

Алкалоид значително инвестираше во модернизација и автоматизација на своите производствени капацитети во Србија, а континуираното инвестирање во опрема за производствените капацитети ги дава своите резултати.

По извршената инспекција од страна на реномираната агенција KEMA Quality B.V., членка на DEKRA Group од Холандија, една од најголемите агенции за сертифицирање во светот,  Алкалоид АД Скопје се стекна со CE Certificate за сообразност за производство на концентрирани раствори за хемодијализа. Заедно со сертификатот ISO 13485 за медицински помагала, како и обновениот CE Certificate за сообразност за нашите производи од палетата на Рентген филм, овие производи можат да се пласираат на сите пазари во ЕУ.

Врз основа на инспекцијата што беше извршена од страна на IМO - Institute for Мarketecology од Швајцарија, на Алкалоид АД Скопје му беше доделен сертификат „Fair Wild” стандард, верзија 2 (08/2010) за неговите чаеви од програмата Билкарство, со што се потврдува дека билните производи се во согласност со барањата изложени во принципите на фер тргување (Fair Trade) за одржливо собирање на диворастечките медицински и ароматични растенија, кои се гаранција за безбедност, квалитет и ефикасност на произведените чаеви.
ПЦ Фармација успешно ја помина инспекцијата за добра производствена пракса за цврсти дозни форми изведена од MHRA од Велика Британија, инспекцијата за добра производствена пракса за цефалоспорините изведена Романската агенција за лекови, како и инспекцијата спроведена од мултинационалната компанија F. Hoffman La-Roche за нашата лиценца за производство.

Во склоп на обидите на менаџментот за влез на пазарите на ЕУ, ние го остваривме и првиот пласман на наши фармацевтски производи во Чешката Република и првиот извоз на вештачки ѓубрива во Република Грција. Со цел да се зајакне нашето делување на територијата на ЕУ, Алкалоид дополнително инвестираше во отворањето на нова подружница во Љубљана.

МОЖНОСТИ
Фармацевтската индустрија ја претставува најдинамичната индустрија гледано на глобално рамниште. По бавниот пораст на глобалниот фармацевтски пазар во 2010, според еден од последните IMS здравствени извештаи, индустријата ќе се отскокне малку во 2011, бележејќи пораст со стапка од 5–7%, во споредба со само 4–5% во 2010, достигнувајќи износ од 880 милијарди долари.

И покрај тоа што отворањето на пазарите е горка пилула за некои фармацевтски индустрии, владите се обидуваат да го отворат фармацевтскиот сектор во многу земји за да го намалат оптоварувањето од неговите трошоци. Пазарите се дерегулирани за да им дозволат на странските лекови да се натпреваруваат, што од своја страна треба да доведе до пониски цени и треба да ги намали буџетите за здравство во многу земји.

Генеричката фармацевтска индустрија е специјален сегмент чија суштина е на изборот на молекули што ќе ја дадат најдоброто ROI на пазарот кога оригиналниот бренд ќе го изгуби ексклузивитетот на патетнот. Процесот на избор на молекули и евалуација на можностите е основата за креирањето на едно успешно портфолио. Во 2011 ќе бидеме сведоци на падот на патентите за некои иконски брендови и новиот бран на иновација кој ветува, при што најбрзите и најпаметните играчи ќе имаат многу успех.

На глобално рамниште, фармацевтските компании наоѓаат многу различни начини да се соединат, а тоа е и вообичаена практика ширум светот. Некои од фармацевтските компании во регионот беа примери за интересни потфати и неодоливи можности за западните гиганти благодарение на нивната добро развиена работна сила, јаките интерни оддели за истражување и развој, и дистинктивните брендови.

Иако Business Monitor International ги рангираше регионите на Централна и Источна Европа и Југоисточна Европа со 51.5 од 100 во рангирањата на бизнис средината за фармација и здравствена заштита за Q1/11, BMI исто така предвидува дека овие пазари ќе забележат едноцифрена до двоцифрена збирна стапка на годишен пораст во американски долари помеѓу 2009 и 2014. Од друга страна, многу развиени земји ќе ги обновуваат своите системи за здравствена заштита. Компании кои не се во доменот на здравствената заштита сè повеќе ќе влегуваат во секторот на медицинските услуги, со што тие ја рангираат оваа индустрија како вредна инвестиција.

Во споредба со западноевропските и средноевропските земји, фармацевтскиот пазар на Југоисточна Европа сè уште не е доволно развиен – трошоците по глава на жител во овој регион се во просек 183 долари во споредба со 495 долари просечно потрошени по глава на жител во западниот дел на Европа. Регионот на Југоисточна Европа навистина има добар потенцијал за раст во фармацевтскиот сегмент.

Конкурентната предност на Алкалоид во регионот на Југоисточна Европа лежи во неговата добро разгранета мрежа на продажба и маркетинг, што покрива пазар од скоро 60 милиони жители (исклучувајќи ги САД и Русија).  Според неодамна спроведеното истражување на пазарот, Алкалоид има добро етаблирано и угледно бренд име, а неговите два водечки бренда: Кафетин, икона за борбата против болката и брендот за бебешка козметика Бекутан, уживаат посебна емоционална привлечност меѓу нивните конзументи.
Тоа е една стабилна компанија на којашто може да и се верува, признат партнер со години од меѓународно искуство, отворен за нови партнерства и форми на соработка.

ПРИОРИТЕТИ
Годината 2011 носи исклучително многу неизвесности. Поради стравот на финансиските институции од повторување на светската економска криза, сè уште е тежок пристапот до пари. Компаниите и фондовите во земјава и во регионот сè уште бележат проблеми со ликвидноста.

На прагот на годината во која ја одбележуваме нашата 75-та годишница, менаџментот на Алкалоид ќе остане посветен на своите стратешки цели: продолжување на трендот на пораст на домашниот и странскиот пазар, зајакнување на нашите пазарни позиции, проширување на нашето производствено портфолио,  склопување на нови партнерства и намалување на трошоците во непродуктивните сегменти.

Со цел да ги оствариме поставените цели, ние мора да останеме флексибилни и пред сè конкурентни. Професионализмот, квалитетно извршената работа и максималната посветеност ќе продолжат да бидат главна одлика на нашето организациско однесување и организациска култура.

 
Алкалоид ќе продолжи да ги насочува своите напори кон понатамошен развој на фармацевтскиот сегмент преку влегување на нови странски пазари, зголемување на обемот на производството и продажбата, изградба на повисока свест за брендот, лиценцирање и договори за лиценци со странски компании и други форми на соработка.

Нашата визија е да ја промениме моменталната перцепција за нашата комапнија на таков начин што би биле пожелни за избор на партнер, би претставувале можност што не смее да се пропушти, и би биле стабилен партнер за во иднина.


Живко Мукаетов
Генерален директор/Претседател на управниот одбор