02.12.2011
Ново друштво во Србија
Алкалоид АД Скопје на ден 30.11.2011 година регистрираше ново друштво во Република Србија со назив Алкалоид Веледрогерија д.о.о. Белград. Друштвото Алкалоид Веледрогерија д.о.о. Белград е во 100% сопственост на Алкалоид АД Скопје. Главна дејност на ова ново друштво е трговија на големо со фармацевтски производи.
Досегашното регистрирано друштво во Белград останува со главен фокус кон примарно и секундарно производство на лекови.
Со ова Алкалоид АД Скопје ги продолжува активностите кон зајакнување на извозните позиции на Компанијата како главна стратешка определба.