Профил на компанијата Истражување и развој За инвеститорите Кариера Медиа центар

Фармација

Козметика

Билкарство

Хемија

   

03.11.2011

Национална награда за општествена одговорност доделена на Алкалоид АД – Скопје“ за проектот „FairWild-стандард“

 

Во организација на Националното координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата (КТООП) и оваа година беа доделени национални награди за општествена одговорност на претпријатијата за 2010 година. <
br /> Во конкуренција на вкупно 38 претпријатија со 63 проекти, „Алкалоид АД – Скопје“ ја доби првата награда во категоријата Етичко управување со проектот „FairWild-стандард – круна на 75-годишна традиција на високи вредности“.

FairWild-стандардот претставува потврда за издигнување на еколошките, општествените и економските аспекти на делувањето, преку имплементација на многугодишното искуство, традиција и посветеност на беспрекорното менаџирање со ресурсите, со особен осврт кон нивно одржливо користење.

Националната награда за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија се доделува по четврти пат.

Оваа година, наградата е дел од проектот „Општествена одговорност на претпријатијата во РМ”, којшто е кофинансиран од Европската Унија, а спроведен од Министерството за економија во партнерство со Македонската развојна фондација за претпријатијата, Сојузот на стопански комори на Македонија и здружението Конект.