Профил на компанијата Истражување и развој За инвеститорите Кариера Медиа центар

Фармација

Козметика

Билкарство

Хемија

27.04.2012

Позитивни финансиски резултати во периодот Јануари - Март 2012


Алкалоид АД Скопје во периодот Јануари - Март 2012 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот консолидиран и неревидираниот единечен Биланс на успех.

» повеќе

27.04.2012

Годишни финансиски извештаи на здруженија и фондации

 

Согласно одредбите од Законот за Здруженија на граѓани и фондации, Алкалоид АД Скопје ги објавува годишните финансиски извештаи за Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и за шаховскиот клуб „Алкалоид“ за годината завршена на 31 декември 2011 година...

» повеќе

20.04.2012

Известување за Трансакциски сметки

 

АЛКАЛОИД АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 16.05.2012 година ќе врши исплата на дивидендата за 2011 година.

» повеќе

12.04.2012

Годишно Собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје


На ден 12.04.2012 година се одржа Годишно собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје.


На одржаната седница се усвоија материјалите и предлог-одлуките предложени според утврдениот Дневен ред, објавен во Јавниот повик до акционерите за учество на собранието.

» повеќе

09.04.2012

ДАНСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

 

Од понеделник, 09.04.2012 во Кинотеката на Македонија ќе се одржи првиот фестивал на Дански филмови во Република Македонија. Филмовите кои ќе се прикажуваат во „Кинотеката на Македонија“ беа дел од поголемите Европски филмски фестивали како фестивалот во Берлин, Солун, Брисел и Единбург.

» повеќе

05.04.2012

Интернационалнeн Тренинг за лидери


Од 1 до 8 април 2012 година во Охрид се одржува Интернационалниот Тренинг за лидери организиран во соработка со Данскиот Сојуз на Извидници и Сојузот на извидници во Македонија на кој земаат учество 30 извидници од Данска и 30 извидници од Македонија.

» повеќе

28.02.2012

Позитивни финансиски резултати во периодот Јануари-Декември 2011


Алкалоид АД Скопје во периодот Јануари - Декември 2011 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот консолидиран и неревидираниот единечен Биланс на успех.

 

» повеќе

20.02.2012

Донација на Клиниката за детски болести и најава на нов хуманитарен проект „Биди ми пријател“

 

Брендот Алкалоид е препознатлив и потврден како што е препознатливо и неговото мото – Здравјето пред сè... Слоган кој е мотив при остварувањето на мисија на компанијата за поздрав свет и супериорен квалитет на производите и услугите. Цврста определба на Алкалоид е грижа за здравјето на секој поединец, квалитетот на животот на секој човек, здравствениот систем и животната средина.

» повеќе

07.02.2012

Дополнително вложување во Република Србија


Алкалоид АД Скопје континуирано вложува во освојување на поголемо пазарно учество на постојните и нови пазари во странство. За таа цел на 24.01.2012 година изврши дополнително вложување во постојните друштва во Република Србија од вкупно 405 илјади евра по пат на зголемување на основачкиот влог.

» повеќе

25.01.2012

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ И АМБАСАДОРОТ НА НР КИНА ВО МАКЕДОНИЈА ГО ПОСЕТИЈА АЛКАЛОИД

 

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов и кинескиот амбасадор во земјава, неговата екселенција Цуи Живеи на 23 јануари беа во официјална работна посета на "Алкалоид".

» повеќе

06.12.2011

ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕДИУМИТЕ

 

На 5 декември 2011 година, во официјална работна посета на Алкалоид АД Скопје беше Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, неговата екселенција, г. Пол Волерс.

» повеќе

02.12.2011

Ново друштво во Србија

 

Алкалоид АД Скопје на ден 30.11.2011 година регистрираше ново друштво во Република Србија со назив Алкалоид Веледрогерија д.о.о. Белград.

» повеќе

04.11.2011

МК БИЗНИС ЛИДЕР

 

На свеченоста која се одржа на 2 ноември 2011 година по повод „Европскиот ден на претприемачи“ и „Европска недела на мали и средни претпријатија  2011“, во организација на Европската бизнис асоцијација и поддржана од Министерството за економија на Република Македонија,  г. Живко Мукаетов, генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, беше прогласен за МК Бизнис Лидер за 2011 година.

» повеќе

03.11.2011

Национална награда за општествена одговорност доделена  на„Алкалоид АД – Скопје“ за проектот „FairWild-стандард“

 

Во организација на Националното координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата (КТООП) и оваа година беа доделени национални награди за општествена одговорност на претпријатијата за 2010 година.

» повеќе

31.10.2011

Позитивни финансиски резултати во периодот Јануари - Септември 2011

 

Алкалоид АД Скопје во периодот Јануари - Септември 2011 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот консолидиран и неревидираниот единечен Биланс на успех.

» повеќе

28.10.2011

ДОНАЦИЈА НА ОДДЕЛОТ ЗА ДЕТСКА ОНКОЛОГИЈА

 

Покрај доделувањето на стипендиите, на прес-конференцијата одржана на 28 октомври 2011 година, Претседателот на Фондацијата, г. Живко Мукаетов и Директорот на Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар во Скопје, г. Ацо Костовски потпишаа Договор за донација.

» повеќе

28.10.2011

40 НОВИ СТИПЕНДИСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА „ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“

 

Фондацијата „ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“, на 28 октомври 2011 година, додели 40 нови стипендии за студентите на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за учебната  2010/2011 година: 20 стипендии за студенти по фармација и 20 стипендии за студенти по медицина.

Стипендијата изнесува 6500 денари во текот на 12 месеци.

» повеќе

29.07.2011

Позитивни финансиски резултати во периодот Јануари - Јуни 2011

 

Алкалоид АД Скопје во периодот Јануари - Јуни 2011 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот консолидиран и неревидираниот единечен Биланс на успех.

» повеќе

28.07.2011

Сертификат ISO 13485:2003 за програмата Хемија во ПЦ ХКБ


Програмата Хемија - Медицински помагала, од Профитниот центар Хемија Козметика Билка на Алкалоид АД Скопје  се стекна со Сертификат за системот на управување за воведување и  исполнување на барањата на стандардот ISO 13485:2003.

» повеќе

05.05.2011

GMP Сертификат за Профитен центар Фармација

Националната агенцијата за лекови и медицински помагала, при Министерството за здравство од Република Романија, по извршената инспекција во февруари 2011 година, согласно член 111(5) од Директивата 2001/83/ЕC, во Погонот за производство на полусинтетски цефалоспорини, ПЦ Фармација, го обнови сертификатот за сообразност со начелата на Добрата производна пракса (GMP), дефинирани во Директивата 2003/94/ЕC.

» повеќе

03.05.2010

Годишни финансиски извештаи на здруженија и фондации

 

Согласно одредбите од Законот за Здруженија на граѓани и фондации, Алкалоид АД Скопје ги објавува годишните финансиски извештаи за Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и за шаховскиот клуб „Алкалоид“ за годината завршена на 31 декември 2010 година:

» повеќе

19.04.2011

ИЗВЕСТУВАЊЕ

АЛКАЛОИД АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 11.05.2011 година ќе врши исплата на дивидендата за 2010 година.

Право на исплата на дивиденда за 2010 година имаат сите акционери на Алкалоид АД Скопје кои се евидентирани во книгата на акции на ден 06.05.2011 година.

» повеќе

19.04.2011

Годишно Собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје

На ден 18.04.2011 година се одржа Годишно собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје.

На одржаната седница се усвоија материјалите и предлог-одлуките предложени според утврдениот Дневен ред, објавен во Јавниот повик до акционерите за учество на собранието.

» повеќе

02.03.2011

Образложение за остварени резултати 2010

 

Алкалоид АД Скопје во 2010 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот консолидиран и неревидираниот единечен Биланс на успех.

» повеќе

21.02.2011

Имплементација на проект BC/DR

Алкалоид изврши имплементација на стратешкиот проект BC/DR (БBusiness Continuity/Disaster Recovery) во IT&T  сегментот.

» повеќе

18.01.2011

Имплементација (RollOut) на AlkaSAP во Алкалоид КОНС ДООЕЛ Скопје

Алкалоид КОНС ДООЕЛ Скопје, друштво ќерка на Алкалоид АД Скопје, од 17.01.2011 година започнува да работи во најсовремениот податочен информационен систем SAP, светски лидер во ERP (Enterprise Resourse Planning) системите.

» повеќе

05.01.2011

Ново друштво во Словенија

 

Алкалоид АД Скопје на ден 28.12.2010 година регистрираше ново друштво во Република Словенија со назив Алкалоид - Фарм д.о.о. Љубљана. Друштвото Алкалоид - Фарм д.о.о. Љубљана е во 100% сопственост на Алкалоид АД - Скопје. Главна дејност на ова ново друштво се локалните деловни операции на словенечкиот пазар.

» повеќе

30.11.2010

Алкалоид АД - Скопје се стекна со сертификат „Fair Wild Standard Version 2” (08/2010) за чаевите од програмата Билкарство.

Инспектирањето го изврши IМO - Institute for Мarketecology од Швајцарија, единственото инспекциско тело овластено за овој вид на сертификација.

» повеќе

19.11.2010

„Засилениот извоз ќе биде носител на идниот раст на Алкалоид”

Интервју на генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД - Скопје, г. Живко Мукаетов за бизнис - магазинот „Капитал”

 

Живко Мукаетов е меѓу најмладите од оние менаџери што водат големи македонски компании. На свои триесетина години го зеде в раце кормилото на Алкалоид АД, раководена пред тоа од неговиот татко Трајче Мукаетов, кој ја втемели како една од најуспешните фирми во земјава.

» повеќе

28.10.2010

Македонскиот претседател Иванов во посета на новата фабрика во Белград

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, во рамките на официјалната посета на Република Србија, на 21. октомври 2010 година ги посети и новите призводствени капацитети на Алкалоид АД, во близина на Белград...

» повеќе

28.10.2010

Признанија за општествена одговорност за Алкалоид АД - Скопје


Концептот на општествена одговорност, кој е  составен дел на бизнис - стратегиите и дејствувањето на Алкалоид АД - Скопје во сите сегменти од работењето,  е потврден и со национални награди и признанија за најдобри општествени практики...

» повеќе

12.10.2010

Известување за измени во органите на управување

Поради истекот на мандатот на членовите на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, Надзорниот одбор на седницата одржана на ден 06.10.2010 година донесе Одлука Бр.0202-12 за избор на членови на Управен одбор.

 

За членови на Управен одбор на Алкалоид АД Скопје повторно се избрани лицата:

» повеќе

08.10.2010

40 НОВИ СТИПЕНДИСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА „ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“

Фондацијата „ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“  на  5. октомври 2010 г. додели 40 нови стипендии за студентите на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот “ Св. Кирил и Методиј” во Скопје, за учебната 2010/2011година: 18 стипендии за студентите по фармација и 22 стипендии за студентите по медицина...

» повеќе

23.08.2010

Биланс на успех, Јануари-Јуни 2010

 

Алкалоид АД Скопје во периодот јануари - јуни 2010 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот консолидиран и неревидираниот единечен Биланс на успех.

» повеќе

25.05.2010

Награда за Европски придонес за 2009 година за Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД - Скопје

Наградата за Европски придонес за 2009 година за посебни заслуги за промовирање на Република Македонија, нејзината економија и култура во Европа, како и за промовирање на eвропските идеи и вредности, Европското движење на Република Македонија му ја додели на господинот Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје...

» повеќе

25.05.2010

CE Certificate за Раствори за хемодијализа и Рентген филм

Алкалоид АД Скопје за прв пат се стекна со CE Certificate за производство на концентрирани раствори за хемодијализа...

» повеќе

23.04.2010

Годишно Собрание на акционери за 2009 година

 

На годишното Собрание на акционери за 2009 година донесени се следниве одлуки:

» повеќе

19.04.2010

Соопштение до акционерите на Алкалоид АД Скопје

» повеќе

23.03.2010

Јавен повик за свикување на Собрание за 2009 година

» повеќе