Профил на компанијата Истражување и развој За инвеститорите Кариера Медиа центар

Фармација

Козметика

Билкарство

Хемија

Надзорен одбор

 

 

Miodrag MicajkovПроф. Др. Миодраг Мицајков

Претседател на Надзорниот одбор, доктор по право. Роден на 27 август 1944 година во Кавадарци, Р. Македонија. Работи како професор на Правниот Факултет „Јустинијан Први" при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј'' во Скопје.

 

 

 

 

 

 

  

 

 

Ilija DzonovПроф. др. Илија Џонов

Член на Надзорниот одбор, доктор по медицински науки. Роден на 24 ноември 1943 година во Штип, Р. Македонија. Работи на Клиниката за Неврологија при Клиничкиот Центар во Скопје, професор и поранешен декан на Медицинскиот Факултет во Скопје.

 

 

 

 

 

 

  

 

 

 

Bojan KralevskiБојанчо Кралевски

Член на Надзорниот одбор, дипломиран инжењер по хемиски инжењеринг. Роден е на 8 март 1951 во Скопје, Р. Македонија. Вработен е во Алкалоид АД Скопје.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Обврски и задолжeнија

Во согласност со важечките закони на Република Македонија и Статутот на друштвото, Надзорниот одбор врши надзор на работењето на АЛКАЛОИД АД Скопје, од 1998 година, кога истиот е воспоставен.

 

На годишно ниво, Членовите на Надзорниот одбор редовно се состануваат, со цел да ги разгледаат предлог одлуките изготвени од Управниот одбор во поглед на работењето на Друштвото за тековната година и да произнесат свој став дали истите треба да се усвојат или одбијат од страна на Собранието на Акционери на АЛКАЛОИД АД Скопје.