Фармација

Козметика

Билкарство

Хемија

Алкалоид - Козметика

Долгогодишното искуство и традиција од над 70 години се темели за квалитетот на богатата палета производи на Алкалоид - Козметика, почнувајќи од производите за нега на кожа, производите за нега на детска кожа, сапуни, производите за нега на коса, производите за нега на заби, парфемската колекција за мажи, парфемската колекција за жени, како и козметиката за домаќинството.
Светот брзо се менува и затоа се потребни нови идеи кои ќе се базираат врз принципите на вредностите, квалитетот и иновациите.


Успехот на Алкалоид - Козметика не се препишува само на неговите иновативни производи, туку и на неговиот мотивиран и стручен менаџерски тим.
Менаџерскиот тим на Алкалоид - Козметика континуирано соработува со меѓународни институции и со експерти во правец на развивање нови производи.
Извонредните формули користени во нашите козметички производи ги задоволуваат највисоките очекувања на нашите потрошувачи. Ние ги користиме најсовремените трендови во козметичката технологија и гарантираме за врвниот квалитет на нашите производи.


Состојките кои се составен дел на производите се набавуваат од добавувачи кои ги задоволуваат високите стандарди за квалитет и истите се во согласност со барањата на Европската директива за квалитетен козметички производ.
Производниот процес се одвива според највисоките стандарди во индустријата GMP(Добра производна практика).


Палетата производи е добро позната и продавана како во Македонија, така и во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Албанија.
На пазарот постоиме благодарение на оригиналниот квалитет, високата стручност и технологија.


Ние секогаш ќе бидеме успешни кога вие сте задоволни.