ХЕМИЈА
АЛКАЛОИД - ХЕМИЈА е основан во 1957 година од група професори при Технолошко - металуршкиот факултет од Скопје и од група стопанственици од земјата. Денес има развиена програма за производство на хемикалии и реагенси од органско и неорганско потекло, со pa, puriss, purum и со фармакопејски квалитети. Истите се наменети за лабораториите во институтите, факултетите, клиниките, фармацевтската и козметичката индустрија, како и во процесите на производство на други индустрии.
Производниот програм е со традиционална препознатливост на пазарот, произведен во согласност со стандардите за квалитет на MKS, ACS (American Chemical Society), ISO и со остварена успешна деловно-техничка соработка со светски познатите и признати фирми како: Merck, Fluka-Sigma Aldrich, Carlo Erba и други.
Развојот на Oдделот - Хемија се одвива во правец на флексибилност, но и компатибилност на програмот, со барањата на пазарот и исполнувањето на квалитетот, роковите и цените на производите.
Фабриката работи во рамките на Профитниот центар – Хемија, Козметика и Билка и истата е лоцирана во Скопје, на локалитетот Ѓорче Петров, со над 100 000 l реакторски простор, во околу 70 реакторски единици, со различен работен волумен и придружни апарати и инфраструктура, со сопствен развој и со 60 вработени, во сите сегменти. Од 1997 година го поседува сертификатот ISO 9001, издаден од страна на QQS.