Фармација

Козметика

Билкарство

Хемија

ДОМАШНИ ЧАЕВИ

 

Ги нарековме “домашни” чаеви зошто сметаме дека секој од нив заслужува место во секој дом, како составен дел од секојдневната исхрана. Секој од производите од оваа група е спакуван во филтер - пакување, практично, за поедноставно приготвување. Изобилство од билки, за сечиј и секаков пребирлив вкус: камилица, нане, мајчина душица, планински, шипка со хибискус, липа, кантарион и уште многу други. Билките што ги користиме за производство на чаевите се строго одбрани, со контролиран висок квалитет и изобилство различни биолошки активни компоненти. Чаевите содржат 100% билки, исечкани и иситнети, спакувани во филтер - кесички. Домашните GOOD NATURE чаеви не содржат никакви додатоци и ви овозможуваат да уживате во сосема природен, вистински освежителен пијалак!


Ви препорачуваме да ги следите упатствата на амбалажата на чаевите, кои се однесуваат на начинот на приготвување.


Наша препорака е секогаш да користите свежо приготвен чај, за целосно да го доживеете GOOD NATURE моментот!