Чај од маточина - чај против несоница и нарушувања при варењето на хранатаЧај од маточина - чај против несоница и нарушувања при варењето на храната
Чајот од маточина има исклучително пријатен мирис на лимон и свеж, слабо остар вкус. Листот од маточина или пчелинок, како што уште ја нарекуваат, има седативно, противвоспалително и антивирусно дејство.

Се препорачува за подобар сон, за подобрување при варењето на храната, смирување на симптомите на мачнина и повраќање, стресни состојби, при главоболки, при настинки и при состојби на нервна напнатост.

Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Достапен е во пакување: филтер - кесички 20 х 1,5 g