
ДА СЕ ОСТАНЕ ПРИЈАТЕЛ СО СОНЦЕТО
Со првите зраци на сонцето и топлото време, речси и да не постои лице коешто не посакува да има убав, здрав и темен тен.
Сонцето се препорачува како терапија кај многу заболувања( остеопороза, ревматизам), го подобрува расположението, го јакне имунитетот, а на децата им е неопходно поради тоа што е и извор на витаминот Д.
Секако, прекумерното изложување на сонце е голем ризик за здравјето, ги оштетува влакната на еластинот во кожата и предизвикува нејзино оштетување, но и предвремено стареење.
Препаратите од колекцијата BLACK UP овозможуваат заштита од сонце, а воедно ја негуваат кожата. Комбинацијата на УВА и УВБ - филтри ја спречува појавата на изгореници и брчки, го превенира предвременото стареење на кожата, а влажните состојки и Д - пантенолот придонесуваат кожата да добие бронзена боја, а сепак да остане мека и еластична.
Совет
- Најнапред се употребуваат препаратите со највисок заштитен фактор, а потоа факторот се намалува.
- Препаратот за заштита од сонце секогаш се нанесува 30 минути пред изложување на сонце.
- По сончањето, користете млеко за после сончање.
- Почитувајте ги правилата ако сакате убав тен.