Профил на компанијата Истражување и развој За инвеститорите Кариера Медиа центар

Фармација

Козметика

Билкарство

Хемија

Алкасап

 

Alkasap

 

 

 

 

 

Информацискиот систем mySAP ERP (Enterprise Resource Planning), брендиран како AlkaSAP, претставува интегриран систем за целосно управување со податочниот систем во Алкалоид, за обработка и следење на сите податоци потребни за непречено и ефикасно функционирање на бизнис - процесите. Системот успешно и непрекинато функционира од неговата имплементација, а опфаќа вкупно 6 модули:

 

  • FI (FInance) - Финансии и книговодство
  • CO (Controlling) - Бизнис - планирање и контролинг
  • MM/WM (Material Management / Warehouse Management) - Управување со материјали и со магацини
  • SD (Sales & Distribution) - Продажба и дистрибуција
  • PP (Planning Production) - Планирање на производството
  • QM (Quality Management) - Управување со квалитет

 

Покрај главните модули, опфатени се и други сегменти од работењето на Компанијата како MRP (Material Requrement Planning) - материјално планирање, LC (Legal Consolidation) - консолидација итн.

 

Во секојдневното функционирање на Системот активно се вклучени 197 корисници, со различни авторизации и области на работење. Поддршката на корисниците покрај на ниво на модул, континуирана е и во делот за Системска поддршка, Програмска поддршка и Валидациски процес.

 

Во согласност со долгорочниот стратешки план за развој на сопствените информатички ресурси (вклучително и AlkaSAP), во тек се активности врзани за повеќе проекти од кои посебно може да се истакнат:

  • ROIT (Reconstruction of Object IT) проектот - којшто опфаќа комплетна реконструкција на објектот каде што е лоцирана централната информатичка опрема на Алкалоид;
  • BC/DR (Business Continuity/Disaster Recovery) проектот - којшто ќе овозможи продолжување на функционирањето на бизнис - процесите од секундарната локација, во случај на катастрофа, на примарна локација;
  • AlkaloidRusija - голема надградба на компјутерската инфраструктура во претставништвото на Алкалоид во Русија;
  • RollOut проектот - којшто претставува прва имплементација (пресликување со соодветно приспособување) на AlkaSAP решението во една од Алкалоидовите ќерки - компании.

 

Како главна контролна точка (milestone) за информатичките проекти што се во тек е 31.12.2010 година, до кога, според проектните планови, треба сите да бидат завршени.