Алкалоид КОНС
Во 1979 г.Алкалоид - Фармација формираше сектор задолжен за развој и соработка со странски компании, што опфаќаше склучување договори за претставување, дистрибуција и консигнација.
Дологогодишното успешно работење, како и здобиеното искуство во оваа област, обебзбеди основа за формирање на АЛКАЛОИД КОНС доо, увозно-извозна компанија за трговија и услуги.
Во 2004г. Алкалоид КОНС доо започна официјално да работи со петмина вработени. Од година во година, развојот на Алкалоид КОНС станува сé повпечатлив, и во рамките на продажбата и во обемот на деловните активности, што, веруваме, ќе претставува континуиран тренд и во 2010г.
Во текот на 2009г., Алкалоид КОНС имаше соработка со повеќе од 10 недомицилни компании и претстави приближно 200 фармацевтски производи, со што се стекна со значителен удел на пазарот.
Алкалоид КОНС има склучено договори за соработка со следните компании:
- SANOFI-AVENTIS, Франција
- PFIZER H.C.P. CORPORATION, САД
- NOVARTIS PHARMA SERVICES INC., Швајцарија
- TALECRIS BITHERAPEUTICS, САД
- BILIM ILAC, Турција
- FUJIFILM CORPORATION, Јапонија
- TORREX CHIESE, Австрија
- INFOMED FLUIDS S.R.L., Романија
- HARTINGTON PHARMA LTD., Велика Британија
- PRIZMA D.O.O., Србија
- LOLA RIBAR, Хрватска
- DUTCHMED INTERNATIONAL B.V., Холандија
- SHIRE PHARMACEUTICALS IRELAND LIMITED, Ирска
- INTRAPLANT GmbH, Австрија
- F.HOFMANN-LAROCHE LTD, Швајцарија
- GlaxoSmithKline Export Ltd., Велика Британија
Целта на Компанијата е да продолжи да ги пласира и да ги прошири програмите за лекови, помошни лековити средства и медицински помагала со конкурентните цени и проверениот квалитет што го нуди.