Профил на компанијата Истражување и развој За инвеститорите Кариера Медиа центар

Фармација

Козметика

Билкарство

Хемија

Алкалоид Денес

 

Алкалоид АД е пазарно ориентирана компанија која скоро седум децении работи на производство на лекови, козметички и хемиски производи, како и на преработка на билни суровини. Нашата организациска поставеност одговара на потребите на нашите корисници, поради што нашето акционерско друштво е составено од два профитни центри: Фармација и Хемија, Козметика & Билкарство. Дополнително, имаме една фирма - ќерка, Алкалоид КОНС, како и 13 подружници надвор од Македонија (Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Романија, Украина, Руската Федерација и САД). Ние сме компанија со околу 1300 вработени, со доминантен капитал во сопственост на приватни акционери, од кои околу 11% се странски инвеститори.


Ние произведуваме висококвалитетни производи кои ги допираат животите на луѓето дневно, постојано имајќи на ум дека ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ.

Аспирации и вредности

 

Ние сме посветени на постојан развој и затоа поставивме курс да го глобализираме нашето име. Нашата цел е да обезбедиме конзистентност и подобрување на бизнис - перформансите преку одржување/зајакнување на нашите позиции во сегашните пазари и разумно проширување во нови пазари.

 

>> повеќе

 

 

ПОЛИТИКА ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА АЛКАЛОИД АД

“Симбиоза за поздрав живот и иднина”

 

Ние постоиме и го работиме нашиот бизнис успешно повеќе од 7 децении. Секоја година, во секој сегмент сме целосно посветени да ги подобриме нашите операции, да се развиваме и да растеме на амбициозен и одржлив начин. Но ние никогаш не ги забораваме нашите луѓе, животната средина и општеството каде што припаѓаме. 


Како продолжение на нашите основни вредности за грижата, интегритетот, иницијативата и супериорниот квалитет на нашите производи и како најголема фармацевтска компанија во регионот, се стремиме да останеме општествено одговорна и етична компанија. За да ги одржиме нашите вредности, ги фокусираме нашите напори во 4 клучни области:

  • Нашите потрошувачи и клиенти
  • Нашите вработени
  • Нашите заедници
  • Нашите акционери

 

>> повеќе

 

Различност

 

Од лабораториите до корпоративните функции за поддршка нашите вработени се различни, но сите се подеднакво вреднувани за нивните уникатни таленти. Ние ја цениме разновидноста бидејќи е основа за разбирање на нашите подеднакво различни клиенти. Конечно, здравјето пред сè е важен општествен концепт кој не обединува сите нас.

 

>> повеќе