Алкалакс- чај за прочистувањеАлкалакс - чај за прочистување
Чајот содржи лист од сена или популарно кај народот познат како мајчин лист. Листот од сена дејствува како добар прочистувач, предизвикувајќи зголемување на перисталтиката на цревата и стимулирајќи го рефлексот за дефекација. Чајот се користи за олеснување на дефекацијата (столицата). Дејството се манифестира по 6 до 8 часа, заради што препорачливо е да се користи навечер, пред спиење.

Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Достапен е во пакувања: филтер - кесички 20 х 1 g, 50 g